еМагазин
Image default
Македонија

Седумгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести немало коронавирус

Седумгодишното дете кое починало на Клиниката за детски болести немало коронавирус, а на вработениот лаборант од клиниката кој е заболен од Ковид-19 земена му е епидемиолошка анкета, информираат од Министерството за здравство.

На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус.

– Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата теста биле негативни на Ковид-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус, стои во соопштението од МЗ.

Во однос на вработениот во лабораторијата на Клиниката за детски болести кој е заболен од КОВИД-19, земена му е епидемиолошка анкета, како и од дел од колегите со кои бил во непосреден контакт.

– Утре ќе се земат и втор дел од анкетите. Тие најверојатно ќе упатат од каде се заразил лаборантот, информираат од Минстерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куманово „плаче„ за карантин, Филипче вели дека засега нема потреба од дополнителни мерки

Лаборант од Клиниката за детски болести заболен од коронавирусот

Прв случај: Кичевецот позитивен на коронавирусот работел надвор од земјата и бил во државен карантин

Убава вест: Четиримесечното бебе, кое е најмлад пациент заболен од Ковид-19 во стабилна состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложувањето на пописот поддржано во собраниската Комисија за европски прашања, неуредно доставени над 100 амандмани

Редакција

(Фото) Османи во Софија се сретна и со Бојко Борисов и Кирил Петков

Редакција

Продолжува судењето за организаторите на 27 април

Редакција