Во болницата Пирогов во Софија по несреќата со автобусот на автопатот Струма се примени 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави за БТА, Д-р Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа.
Нема опасност по нивните животи.
Девојчето и петмина од возрасните се на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за трауматологија. На сите им се прават дополнителни прегледи во болницата.
Несреќата се случи на магистралниот пат Струма нешто по 02.00 часот, кај селото Боснек.
Автобусот со македонски таблици сообраќал во правец на Република Северна Македонија. Возилото во Бугарија влегло од Турција. Малку по полноќ автобусот застанал на бензинска пумпа во близина на Софија, по што продолжил. Несреќата се случила еден час подоцна.
Засега нема потврда дали автобусот прво излетал од патот, а потоа се запалил или најпрво настанал пожар нво возилото.
Според првичните информации, причината поради која луѓето не можеле да се спасат е тоа што автобусот се превртел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Голема трагедија: Најмалку 45 лица загинаа откако македонски автобус се запали во Бугарија
МИА/Фото: МЗ