еМагазин
Image default
Балкан

Секој Грк што ќе изгуби работа поради коронавирусот на почетокот на април ќе добие надомест од 800 евра

Намалување на ДДВ-то на производите неопходни за заштита од коронавирусот, надомест од 800 евра за секој вработен чија работа е прекината поради вонредните владини мерки, одложување на плаќањето даноци за компаниите, финансиски средства за бизнисите погодени од кризата – ова се дел од мерките во висина од 3,8 милијарди евра, што ги соопштија министрите за финансии, труд и развој на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Се наоѓаме на почетокот на битката, битка за која сè уште не ги знаеме интензитетот и големината. Според тоа, ќе следат и други пакети мерки за да излеземе победниците од битката, со најмалку можни социјални и економски загуби, рече министерот за финансии на Грција, Христос Стајкурас.

Голем дел од мерките за бизнисите и компаниите како главен предуслов го имаат задржувањето на постоечките работни места, односно да нема отпуштања на вработени.

– Работодавачот се обврзува да ги задржи работните места, да нема отпуштања и обврска да се задржи работниот мир. Работникот се обврзува да се прилагоди кон оваа тешка работна средина и да покаже толеранција додека не се надмине кризата. А државата се обврзува на сите да им обезбеди безбедна средина за справување со овие исклучително тешки и вонредни околности. Кризата мора обединети да ја надминеме, рече Стајкурас.

На прес конференцијата, детално ги презентираше и образложи, како што рече, десетте основни оски на вториот пакет мерки на Владата и рече дека според процените, околу 220.000 приватни бизниси со околу 600.000 вработени, целосно или делумно прекинале со работа, а околу 100.000 бизниси со над 200.000 вработени, иако не се затворени со владина одлука, сепак ги трпат економските последици од коронавирусот.

– Сите вработени на кои привремено им е прекинат нивниот договор за вработување, поради прекинување на работењето на компанијата по наредбата од државата, ќе добијат надомест од државниот буџет, на почетокот на април, во висина од 800 евра. Буџетскиот трошок за март и април за околу 500.000 работници, достигнува до околу 400 милиони евра, соопшти министерот за финансии на Грција.

Стајкурас објасни дека освен две милијарди евра, за конкретните мерки ќе се искористат дополнителни 1,8 милијарди евра од специјалниот европски инвестициски фонд.

За медицинските маски и ракавиците, за антисептичките раствори, марамчињата и други препарати, за сапуните и другите препарати за лична хигиена, како и за етил алкохолот, доколку се користи како суровина за производство на антисептици, ДДВ-то се намалува од 24 на шест отсто до крајот на годинава со цел да се намали цената на конкретните производи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

(Видео) Скопјани масовно се одзваа: Видеа и фотографии од седење дома се наградуваат со 100 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Во Грција во пожар во таверна загинаа три жени

Редакција

Интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија значи енергетска безбедност за Европа, изјави Мицотакис

Редакција

Почна расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Редакција