Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека го изготвил списокот на сите 120 пратеници кои треба денеска да се вакцинираат во А1 арена салата „Борис Трајковски“, но нивна одлука е дали тоа ќе го сторат.
„Кој ќе дојде, а кој не е, лична одлука. Тоа е волја на секој поединец и не е одговорност на Собранието,“ рече Џафери на прес-конференцијата со министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче информираше дека пратениците ќе се вакцинираат со руската вакцина „Спутник V“.
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.