Поранешниот министер за локална самоуправа Лирим Шабани во врска со кривичната пријава поднесена од Финансиската полиција до Oсновното јавно обвинителство за незаконска исплата на пари од проект на ИПА-фондовите, во реакција до медиумите вели дека сумата на парите со кои е оштетен буџетот на државата е сумата на хонорарите што ја потрошиле вработени, односно раководни лица од Одделот за менаџирање за ИПА фондови за евалуација на проектот за пракугранична соработка со Република Бугарија.
-Трошоците се направени за покривање на патни налози и нивната евалуација во Бугарија. Сумата е одбележана од ревизорите од надлежните институции што го надгледувале спроведувањето на проектите, вели тој.
Шабани констатира дека вработените после ревизијата ги вратиле парите на легален начин и дека паѓа секоја претензија за можна злоупотреба на буџетот на Министерството или државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични за актуелниот и поранешен министер за локална самоуправа