Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 30 ноември до 6. декември покажуваат дека во Македонија за една недела 184 смртни случаи од Ковид-19.
„Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7% во однос претходната недела на известување.
Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела 107 деца до 9 години заболени со Ковид-19
Намалување од 4,2%: За една недела 6.463 нови случаи на Ковид-19
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.