Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа починати се 6 лица заразени од корона вирусот со што вкупната бројка на починати се зголеми на 265 лица.
“Починати се еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.
Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни.
Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.
Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни.
Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г)“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 153 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје
Две лица заразени од корона вирусот починаа на штипското Инфективно одделение
Фото: МЗ