еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Шпанија сака Македонија и Албанија заедно и што побргу да ги почнат преговорите со ЕУ

Шпанија е силен поддржувач на Северна Македонија и се залага за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ и со тоа старт на преговорите за членство, истакна претседателот на шпанската Влада, Педро Санчез на средбата во Мадрид со македонскиот премиер Зоран Заев.

Санчез нагласил и дека Шпанија е за почеток на пристапните преговорите и за Северна Македонија и за Албанија во исто време. На денешната, прва средба на премиерско ниво на шефовите на владите на Северна Македонија и Кралството Шпанија, Зоран Заев и Педро Санчез, изразено е исклучително задоволство од двете страни и средбата е оценета како историска и како нова, важна страница за натамошен развој на двете пријателски земји, соопшти владината прес-служба.

Премиерите Заев и Санчез на средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се согласиле дека средбата е важна и заради евроинтеграциските процеси на Северна Македонија, имајќи ја предвид силната поддршка од Шпанија за одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ и со тоа старт на преговорите.

Шпанија многу високо ги оценува реформите што ги спроведува Северна Македонија, нагласил премиерот Санчез и потенцирал дека тоа, како и исполнувањето на другите критериуми за пристапување во ЕУ, се најважни процеси кои земјата ги оствари и испорача кон Брисел.

Двајцата премиери оваа прва средба на премиерско ниво ја оцениле и како особено значајна за стопанствениците од двете земји и се согласиле дека ќе земат уште поголемо учество во поттикнувањето на бизнисмените од двете страни да соработуваат на заеднички инвестициски проекти.

Меѓусебната поддршка меѓу двете земји и двете влади е очекувана, бидејќи неопходно е прогресивните сили да се поддржуваат на патот кон просперитетот, нагласиле премиерите Санчез и Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сестрата на Ким Јонг Ун страв и трепет во Северна Кореја и регионот

Редакција

(Видео+фото) Во Кавадарци почна да се гради повеќенаменскиот комплекс „Мала Америка„

Редакција

Од бугарското Министерство за правда велат дека Груевски нема бугарски пасош

Редакција