еМагазин
Image default
Бизнис

Штериева: Се бара начин како да се исплатат пензиите без одење по шалтери

Банките почнаa консулатации со Владата за тоа како да се изврши исплатата на пензиите по новонастанатата ситуација со коронавирусот.

„Од понеделник влегуваме во последната недела од месецот што значи дека се ближи исплатата на пензиите. Сите знаеме како изгледаат банкарските шалтери кога се исплаќаат пензиите, а во моментот токму оваа категорија од населението е најранлива од аспект на изложеност на вирусот.

Поради тоа од вчера започнавме интензивна комуникација со Владата за изнаоѓање начин за безбедна исплата на пензијата на сите пензионери кои ќе сакаат да ја подигнат својата пензија во готовина“, рече Маја Стевкова Штериева, претседател на Македонската банкарска асоцијација.

Таа додаде дека за изнајденото решение дополнително ќе информираат.

МИА/Фото: МБА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

Детален преглед: Прв сет економски мерки на Владата за ублажување на последиците од коронавирусот

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со „Зобек мининг груп“ вреден 6,7 милиони евра

Редакција

(Галерија) Денот на инвеститорите на НЛБ ги собра светските инвеститори, аналитичари, финансиски експерти и клучните бизнисмени од регионот

Редакција

И официјално пристигнато писмо со намери од операторот 4iG Групација, за влез на телекомуникацискиот пазар

Редакција