На 18.11.2019 во 08.05 часот на пешачки премин на ул.„Васил Главинов“ во Штип, патничко моторно возило „опел кадет’’, со штипски регистарски ознаки, управувано од З.Е.(55) од Штип, удрило во пешакот Е.К.(43) од Штип, информира МВР.
Во незгодата, Е.К. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.