Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 18. октомври покажуваат дека Штип и Свети Николе се со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители.
„Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 2.745,2 на 100.000 жители и Свети Николе (2.067,1/100.000), додека инциденца со над 1.000 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Куманово, Струга, Кочани, Дебар, Берово, Делчево и Ресен„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од вкупниот број на заразени со Ковид-19 во Македонија хоспитализирани биле 17,4%
Еве како изгледа состојбата по другите општини:
Фото: Општина Штип/мапа: ИЈЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.