Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 9 август покажуваат дека Штип, Ресен и Свети Николе се со најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители.
“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип (1.832,1/100.000), Свети Николе со 1.189,5 на 100.000 жители, Ресен (892,9/100.000), Скопје (836,2/100.000), Куманово (815,1/100.000), Дебар (789,0/100.000), Струга (706,0/100.000), Тетово (546,1/100.000), Охрид (532,9/100.000) и Демир Хисар (525,2/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Прилеп, Велес, Кичево и Кавадарци“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
20,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија биле/се хоспитализирани
Вкупно 955 лица до 19 години во Македонија се заразиле со корона вирусот
Вака изгледа состојбата по другите општини:
Фото: Општина Штип/мапа: ИЈЗ