Почна масовното тестирање на текстилните работници во петте конфекции, кои од денеска треба да се затворени. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека денеска ќе земат околу 200 брисеви.
„На помош денеска ни пристигнаа и двајца лаборанти од Ценатрот за јавно здравје-Кочани. Сметаме дека во кадровскиот дел сме екипирани и со оваа помош ќе го извршиме тестирањето на текстилните работници,“ вели Димитрова.
На терен се две екипи, кои ги земаат брисевите од домовите на лицата кои се опфатени од масовното тестирање и еден тим работи во пунктот, кој зема брисеви по упат од матичните лекари.
Штипските епидемиолози масовното тестирање на околу 500 работници во овие конфекции ќе го завршат до 6 јуни.
МИА/Фото: Општина Штип
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Штип ќе бидат затворени пет конфекции, 600 луѓе ќе бидат ставени во самоизолација
Во Штип и Карбинци 14 новозаразени со Ковид-19, меѓу кои и две деца на возраст од една и три години