Според Уставот, прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници, а гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба.
Членот 92 од Уставот, вели дека Владата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието, и Собранието е тоа кое може да изгласа недоверба на Владата.
Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата и е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка.
Во член 92 исто така се наведува и дека повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.
Во членот 93 од Уставот, се предвидува дека на Владата на која ѝ е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа објави дека опозицијата има парламентарно мнозинство од 61 пратеник, кое ќе може да изгласи недоверба на Владата.
Според Мицкоски, доколку Заев не поднесе оставка, тогаш ќе се поднесе иницијатива за недоврба на Владата или ќе се оди на брзи избори.
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши потенцираше дека очекува поголем број на пратеници да се приклучат кон иницијативата за изгласување на недоверба на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МИА