еМагазин
Image default
Бизнис

Што предвидува бизнис-планот на Алкалоид за годинава

Бизнис-планот за 2023 година, донесен со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, на седницата одржана на 29.12.2022 година, предвидува инвестирање на околу 11% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на консолидираните продажби во однос на 2022 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2022 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Бизнис-планот за 2023 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот.

Околностите и настаните во 2023 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Алкалоид лани 187 нови вработувања и раст на инвестициите за 24%

Алкалоид лани со раст на приходите од 16% и на добивката од 12%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски шуми распиша тендер за набавка на теренски возила вреден 5,1 милиони денари

Редакција

ТАВ Македонија најавува: „Нордвинд ерлајнс“ отвора редовна авиолинија Скопје-Москва

Редакција

Македонската берза организира „Инвеститорски ден“: Граѓаните ќе можат да купат или продадат акции без провизии

Редакција