еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Силен земјотрес во Албанија почувствуван во неколку градови во Македонија, во Дебарско останаа без сон

По силниот земјотрес синоќа, со јачина од 5,2 степени според Рихтер, кој предизвика вознемиреност и страв не само кај жителите на околијата Пешкопеја, каде што беше епицентарот, туку и во Дебарско, каде поради близината силно се почувствува потресот, албански сеизмолог смирува дека нема место за паника.

– Нема место за паника поради двата потреса што се почувствуваа синоќа. Последните два дена во областа Клос имаше серија помали потреси и се чини дека синоќешниот од 5,2 степена беше главниот потрес, по што следува смирување на тлото, изјави Рапо Ормени за њуз 24.

Додава дека ова е сеизмички активно подрачје, но е „зона со земјотреси со помала јачина”.

И покрај апелот дека нема место за паника жителите од околијата Пешкопеја, според тамошните медиуми, но и жителите на Дебарско се вознемирени.

– Преплашени сме. Првиот земјотрес силно не стреси, а нешто послаб беше и вториот потрес. Во коски ни е стравот оти веќе сме преживеале вакви нешта. Дај Боже да нема други потреси, велат неколку дебрани.

Според албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, нема информации за човечки жртви освен за оштетени постари објекти во административната единица Џибер, кај Клос.

Според него, сите структури на цивилната заштита се на готовност и во постојан контакт со сите општини во земјата.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во во 22 часот и 37 минути, регистрираше земјотрес со епицентар на 20 километри североисточно од Тирана, во соседна Албанија и со локална Рихтерова магнитуда од 4.8 степени.

Земјотресот беше почувствуван од жителите на Македонија особено во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала, во северните делови, во градовите, Скопје, Велес и околината со интензитет од III степени, во југозападните делови, Охрид, Ресен, Битола и околината со интензитет од II – III степени според истата скала.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Христијан Мицкоски, старо-новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Ковачевски во Солун на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа

Редакција

Што следи по паѓањето на владата на Петков, која е процедурата

Редакција