еМагазин
Image default
Македонија

Силвана Бонева: Ми измислија и секс скандал, дека Силбо е мое, а сега и дека сум рекордер во земањето на патни трошоци

На својот Фејсбук профил, поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева пренесе дел од воведниот говор кој имала пред судот во врска со предметот „Друмарина“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО):

“Денес сум пред Вас заради невистинитото и паушално обвинение поднесено против мене. За жал, јас бев обвинета и веќе осудена од моите политички неистомисленици и од дел од медиумите под нивна контрола, уште пред да биде доставено оваа обвинение до Вас.

Бев јавно линчувана со години, со конструираните големи лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, потоа дека со криминални пари сум купила станови, со лагите дека сум стекнала фирми како Силбо, Жикол, катна гаража во Прилеп, казино во Гевгелија, плантажи во Валандово и Дојран и многу други лаги, дури измислија и дека сум имала секс скандал, за сега да ми стават на грб и криминално дејание што не сум го направила.

Моите политички неистомисленици намерно поттикнуваа омраза и злоба против мене со лаги во јавноста, за да ја заслепат и сама да побара да ме осудат, олеснувајќи и одобрувајќи им ја политичката пресметка со мене, само заради тоа што секојпат се борев против криминалните структури во политиката, без оглед дали се леви или десни и заради тоа што секогаш ја кажував вистината и никогаш не замолчав пред било кој авторитет.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Силвана Бонева и се суди за високите патни трошоци, тврди дека е невина

Бонева со реакција до Обвинителство: Дали имаат отворено постапки против пратеници од власта под исто обвинение

Предметот на СЈО, „Друмарина“ за патните трошоци на Силвана Бонева пред финале

Фото: Фејсбук/Бонева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одобрени над 2,2 милиона евра за лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Редакција

Во болниците низ Македонија се лекуваат 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција