еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Симптоми и период на инкубација на омикрон: Кога сме најзаразни и кога можеме да се сметаме за оздравени

Најчести симптоми на омикрон се кашлица (42%), течење на носот (31%) и треска (26%). Можни се и главоболки, болки во зглобовите, замор, а понекогаш и дијареа. Бидејќи многу од симптомите се слични на оние на обичната настинка, тестирањето останува најсигурниот начин за откривање на инфекција со коронавирусот, пишува Дојче Веле.

Кога сме најзаразни? 

Како и кај повеќето вирусни инфекции, периодот на инкубацијата трае три до шест дена. Постојат податоци кои сугерираат дека овој период е малку пократок за oмикрон отколку за делта.

Тешко е да се дефинира точниот временски период во кој инфицираниот е позаразен за околината. Сепак, се смета дека ризикот од пренесување на инфекцијата е најголем непосредно пред и веднаш по почетокот на симптомите.

Колку е поголема концентрацијата на вируси кај заразено лице, толку повеќе вирусни честички тој издишува. А тоа ја зголемува веројатноста да зарази некој друг.

Кога можеме да се сметаме за оздравени? 

Секој што сака да се врати на спортот мора да почека најмалку 14 дена по завршувањето на болеста. Гости можат да бидат пречекани по завршувањето на карантинот, но само доколку тестот е негативен и пациентот повеќе нема никакви симптоми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Олумчев: Вакцините штитат околу 3-4 месеци, со омикрон сојот ви треба 2 секунди да се заразите

Епидемиологот Олумчев: Многу го запоставивме грипот, неговите симптоми се речиси идентични со Омикрон, и од него се умира

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какво време не очекува за Велигденските празници

Редакција

Полицискиот синдикат со сочувство за колегата кој загина на скопската обиколница

Редакција

До недела сончево и студено, од понеделник пораст на температурите

Редакција