еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Синот на Џафери положил правосуден испит пред да заврши факултет, немаме механизам да го казниме, вели претседателката на Антикорупциска

Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата во „Топ тема“ на Телма рече дека синот на Талат Џафери, Барлет Џафери, кој ќе стане обвинител, положил правосуден испит без завршен факултет и дека државата нема правни или други механизми со кои би се казниле ваквите случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на Џафери и сопругата на Абази ќе станат обвинители, сопругата на Муцунски судијка

„Точно е дека ја запревме постапката за конкретниот случај отворен за Барлет Џафери. Ние утврдивме, тоа што утврдивме го обелоденивме во јавноста – дека неговиот правосуден испит му е дозволено да го полага пред да ги има добиено тие 300 кредити односно пред да има магистрирано, значи тука е проблемот.

Да, имало злоупотреби во случајот, меѓутоа сето тоа се случува пред осум години и случајот се третира како веќе застарен и нема против кого да поднесеме било што“, рече Ивановска.

Таа додаде и дека документите поднесени во Министерството за правда не се чуваат повеќе од една година и оти антикорупционерите немаат никакви алатки со кои би се казниле ваквите случаи.

„Дотолку што документите поднесени до Министерство за правда се изгубени, не се изгубени, туку не се чуваат повеќе од една година. Иако сметам дека и тоа е погрешно. Проблемот го лоциравме ние кај универзитетот – како давал степен на образование 7/1 за 180 кредити, и кој му дозволил понатаму да полага правосуден испит без да ги има 300 кредити.

Нема алатки како да ставиме некоја казна, но иако е запрена постапката, тоа ни отвора врата да видиме понатаму дали Барлет е изолиран случај или не. Тој универзитет во период од четири години има издадено 400 такви уверенија, понатамошна анализа ќе оди да видиме дали има и други такви факултети и да се извршат вонредни инспекциски надзори“, рече Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Не е точно дека синот на Талат Џафери треба да се третира како секој друг

И моето дете има право да ги користи сите права, како и другите, вели Џафери за синот кој ќе стане обвинител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На скопјанец „му пукнал филмот“: Му го запалил џипот „БМВ Х-6“ на газдата поради неисплатени плати

Редакција

Руските сили влегле во областа Чернобил, можно оштетување на објектот за складирање нуклеарен отпад

Редакција

Што пишува во биографијата на Горан Милевски, старо-новиот министер за локална самоуправа

Редакција