еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: 6 починати за 24 часа во Македонија, двајца имале контакт со потврден случај, еден неодамна патувал

Во последните 24 часа во Македонија е регистриран најголем број на починати, досега, вкупно шест.

“Регистрирани се 6 смртни случаи од COVID-19 во текот на изминатите 24 часа.

Се работи за пациенти од 5 градови.

Најголем дел се лица над 60 години (3), по 3 машки и женски лица.

Кај сите починати лица се присутни симптоми на заболувањето, а од нив 4 биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби (КИБФС) во Скопје.

Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Во однос на начин на стекнување на болеста, двајца од починатите имале контакт со потврден случај, додека еден има историја на неодамнешно патување“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравство (ИЈЗ).

Според информациите кои пак ги соопшти Министерството за здравство, починатите од Куманово биле на возраст од 52 и 53 години, едниот починал на КИБФС, а другиот дома.

Починатата пациентка од Лабуништа-Струга била на возраст од 65 година, пациентката од Челопек – Тетово имала 62 години и пациентката од Штип била на 81-годишна возраст.

Во Скопје пак почина 45-годишен скопјанец. Тој починал на пат кон болницата „8 Септември“, соопшти владината прес-служба повикувајќи се на дополнителната информација од ИЈЗ.

Тој бил тестиран и потврден позитивен на коронавирусот преку Ветеринарен факултет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Мапа) Детален преглед: Број на заболени со коронавирусот по градови

Дури 69 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот

Детален преглед: 18 лица од новозаболените имале контакт со потврден случај на коронавирусот

Прв функционер во Македонија: Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицковски го предлага Владимир Панчевски за прв човек на новото СЈО

Редакција

Со коронавирусот во Европа може да се бориме две години

Редакција

Филипче апелираше да не се создаваат гужви во маркетите, за да се спречи ширење на корона вирусот

Редакција