еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали: Се менува Законот за финансиска дисциплина, помал надоместок за доценење

Измените и дополнувањата на Законот за финансиска дисциплина во земјава влегоа во собраниска процедура. Се намалува надоместокот за доцнење и се пренесува надзорот над спроведување на одредбите за деловни трансакции од страна на економските оператори од приватниот сектор од Управата за јавни приходи на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија.

Причина за предложените измени, како што стои во образложението од предлагачот, е натамошно усогласување со ЕУ директивите, односно се допрецизира дека должникот треба да ги исполнува своите парични обврски  во договорените рокови без претходно потсетување и опомена од страна на доверителот.

Со Законот за финансиска дисциплина, кој се применува од 2014 година, се уредува навременото исполнување на паричните обврски што произлегуваат од реализацијата на деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор, односно помеѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор.

Согласно Законот доколку паричната обврска не е исполнета во  договорениот рок, доверителот има право да наплати  надоместок за доцнење од должникот во износ од 3.000 денари.

Со цел усогласување со висината на надоместокот утврден во Директивата, се предлага намалување на истиот од 3.000 денари на 2.400 денари.  Исто така, се врши натамошно усогласување со Директивата, односно се допрецизира дека должникот треба да ги исполнува своите парични обврски  во договорените рокови без претходно потсетување и опомена од страна на доверителот.

Согласно Законот за финансиска дисциплина надзорот над спроведувањето на одредбите од овој закон меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор го врши Министерството за финансии преку Финансиската инспекција во јавниот сектор, додека пак надзорот меѓу економските оператори од приватниот сектор го врши Министерството за финансии – Управа за јавни приходи.

Во образложението се појаснува дека надзорот над Законот за финансиска дисциплина не претставува даночна контрола, поради што се предлага надлежноста за надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за финансиска дисциплина за деловни трансакции од страна на економските оператори од приватниот сектор од Управата за јавни приходи да се пренесе на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија.

Законот почна да се применува во мај 2014 годна со цел подобрување на ликвидноста на стопанските субјекти. Според законското решение, приватните субјекти, имаат максимален рок за намирување на обврските до 120 дена.

Исполнување на паричните обврски на субјектите од јавниот сектор од овој Закон се применуваат од 2016 година и максималниот рок за да се извршат парични обврски е до 90 дена.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Почина легендарната Нина Спирова: Ни остави незаборавни песни

Редакција

Стејт департмент: Бугарија ризикува дестабилизација на регионот со блокадата на Македонија

Редакција

Обвинителство со детали за сообраќајката во Кисела Вода во која загинаа две лица: На 25-годишно лице одземен пасошот и трајно возачката дозвола

Редакција