еМагазин
Image default
Бизнис

СКМ сметаат дека многу повеќе компании може да искористат државна помош

Од Стопанска комора на Македонија следниот период ќе ги посетат компаниите кои сметаат дека ги исполнуваат условите за да добијат финансиска помош од државата согласно Законот за финансиска поддршка, во првиот и вториот столб на мерки.

Согласно податоците од Владата, лани 600 компании имале зголемен профит, вработувања и инвестиции, од нив 182 аплицирале за државна помош, а 100 потпишаа договори за државна помош.

„Не е лоша бројката од 182 компании, но е далеку од доволна. Има успешни компании кои спроведуваат инвестиции, остваруваат профити, имаат вработувања. Критериумите за аплицирање се јавни и транспарентни и ги опфаќаат сите производствени компании кои создаваат профит“, рече Љупка Трајковска од Стопанска комора на Македонија.

Таа додаде дека забелешки во однос на законското решение за државна помош нема, критериумите се транспарентни и базирани на податоци на Централен регистар, останува само доследно реализирање согласно роковите и почитување на одредбите од законот.

Трајковска потенцираше дека се чувствува постоење на јавно-приватен дијалог и тридецениските барања од приватните компании се инкорпорирани во законот.

Целта е, како што истакна, зголемување на учеството на индустријата во креирањето на домашниот бруто-производ, бидејќи процентот на учество во 1992 година изнесувал 32 проценти, а во 2016 година 15 проценти.

Стопанска комора издаде и брошура „Време за промена на досегашниот модел на економски развој“ во кој има предложени мерки за економски пораст, а дел од тие мерки биле инкорпорирани и во новиот закон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сања Лукаревска повторно директор на УЈП

Редакција

Реплек ќе исплаќа дивиденда од 918 денари нето по акција

Редакција

Од 1 март граѓаните ќе можаат да плаќаат сметки во „Македонска пошта“ со пониски провизии

Редакција