еМагазин
Image default
Македонија

Следната недела ќе се знае дали ќе има нови рестриктивни мерки

Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но можноста за такво нешто не е исклучена, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Како што истакна Филипче, ситуацијата се следи, моментно болничките капацитети не се загрозени и секаде има слободни кревети. Досега се одржани повеќе состаноци со Комисијата за заразни болести, анализата за трендот на ковид-бројките ќе заврши следната недела кога ќе биде соопштен и ставот по ова прашање.

-На почетокот на следната недела ќе го кажеме ставот согласно анализата. Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но воопшто не ја исклулучувам можноста од такво нешто, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања.

Министерот информира дека според анализите, голем број од новите случаи се должат на т.н. британскиот вурис, над 70 проценти, посебно во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и Охрид.

Според него, денеска треба да се стави во функција модуларната болница во Скопје, до Инфективната болница. Кадарот е подготвен и ќе работи по принципот на ротација.

Засега во ниту еден град не се исполнети условите за ограничуивање на движењето, но ако се одлучи дека тоа може да има ефект, во предвид доаѓаат и такви мерки.

Во однос на пописот, Филипче истакна дека претставници на Државниот завод за статистика имаа состанок со Комисијата за заразни болести и согласно карактеристиките на тој процес се изработени и протоколите.

-Сега навистина не можам да кажам дали ќе препорачаме некои генерално рестриктивни мерки кои ќе се однесуваат на територијата на целата држава. Велам уште еднаш, засега немаме индиција дека нешто треба да се направи, меѓутоа не е исклучена можноста, истакна Филипче.

МИА/Фото: Општина Неготино

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски за затворската казна за случајот „Плацеви на Водно“: Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта

Редакција

Казнети 299 лица за неносење маска

Редакција

ЗНМ: Новинарите не смеат да имаат конфликт на интереси

Редакција