еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Следните денови времето ќе биде постудено, од среда пообилни врнежи од дожд

Времето во Македонија утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен локален дожд.

Пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег се очекуваат во среда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа беше поплавена заради климатските промени: Екстремните врнежи ќе станат редовна појава

Редакција

Твитер во „црвено“ за прославата на роденденот на Ахмети во објектот на Министерството за политички систем

Редакција

(ВИДЕО) Антонио Бандерас снима филм во Солун

Редакција