еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Снежни врнежи: Што треба да знаете кога возите по снег

Во зимски сообраќајни услови, покрај внимателноста на пешаците, задолжителна е и апсолутната внимателност и одговорност на возачите, особено кон ранливите категории учесници во сообраќајот (пешаци и велосипедисти).

Во зима, условите за возање се двојно отежнати, затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на неколкуте важни работи што треба да ги почитува секој возач во зимски услови на возење:

1.Пред да тргнете на пат, проверете ја временската прогноза.

2.Задолжително вклучете ги светлата за да ја зголемите видливоста за другите возачи.

3.Резервоарот со гориво, секогаш нека биде барем половина полн.

4.Внимавајте течност за чистење на шофершајбната (ветробранското стакло), секогаш да има доволно.

5.Возете побавно и држете растојание. Вашата брзина треба да се прилагоди кон временските услови, условите на патот и да одговара на протокот на сообраќај.

6.Избегнувајте одвлекување на вниманието и не го користете мобилниот телефон додека возите. Вашиот целосен фокус треба да биде на патот.

7.Имајте зимски сет во вашиот автомобил. Комплетот треба да содржи најмалку кабли за стартување на возилото, спреј за одмрзнување на брави, полнач за мобилен трелефон, ќебиња, фенерче, вода, прибор за прва помош.

8.Ако се заглавите, вклучете ги трепкачите, поставете рефлектирачки триаголник на патот, ако има големи наноси на снег за означување на возилото може да закачите обоена ткаенина на антената. Останете во возилото додека не дојде помош.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до возачите, во зимски услови да го прилагодат возењето спрема временските услови и условите на патот, да ги почитуваат пешаците и да се погрижат за нивната безбедност во сообраќајот.

Пешаците, исто така, треба добро да проценат кога ќе тргнат да ја преминуваат улицата затоа што коловозите се замрзнати и на возачите ѝм треба повеќе време и простор безбедно да го запрат возилото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снежни врнежи: Однесување на пешаците во сообраќајот кога има снег

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно

Редакција

Јули натпросечно топол, највисоката максимална температура 42,1 степени

Редакција

Доктор Грозданова: Лицата кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат најрано три месеци по оздравувањето

Редакција