Владата донесе Одлука за распределба на 19.800.000 денари од државниот буџет за 2021 година за финансирање програмски активности на здруженија и фондации.
Ќе се финансираат активности на 33 здруженија на граѓани за проекти распределени во седум приоритети, информира владината прес-служба.
Првиот приоритет е обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните и за него се доделени 6.600.000 денари, вториот е справување со светската пандемија предизвикана од Ковид-19, со вкупно доделени 6.000.000 денари, третиот – заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени, со 1.800.000 денари.
Четвртиот приоритет е владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност со 1.800.000 денари.
За петтиот приоритет – квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот, се доделени 2.400.000 денари, за шестиот – модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација, која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти 600.000 денари, а исто толку и за седмиот приоритет – успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија.