еМагазин
Image default
Македонија

Со глад штрајкуваат 270 затвореници во „Идризово“

Околу 270 затвореници вечерва штрајкуваат со глад барајќи да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија за обвинетите од 27 април во македонското Собрание.

Од затворот „Идризово“ изјавија дека бројката на затвореници кои одбиваат храна е намалена за 60 од вчера кога штрајкуваа 330 затвореници.

Штрајкот на затворениците почна пред два дена кога храна одбија скоро сите затвореници, но по најавата на премиеорт Зоран Заев дека амнестијата е само за учесниците во настаните од 27 април, бројот на штрајкувачи е намален на една третина.

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Клиниката за инфективни болести починале четворица пациенти, и еден дома во Куманово

Редакција

За Османи протерувањето на македонскиот дипломат од Русија е неоправдано

Редакција

„Селфи“ на Рама со Ковачевски: „Сè уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада“

Редакција