еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Со „Кошничката за домаќинствата“ Грците заштедуваат 66 евра месечно

Со „Кошничката за домаќинствата“ во грчките супермаркети, Грците неделно заштедуваат 15,32 евра, месечно 66,4 евра, а годишната заштеда достигнува до 796,74 евра, односно над една основна плата, согласно податоците од Министерството за развој и инвестиции на Грција, кои денеска ги презентираа надлежните министри, јави дописничката на МИА од Атина.

Кошничката на 3 октомври беше воведена во супермаркетите во Грција и предвидува над 50 основни производи од различни категории чии цени треба да останат иста и прифатливи или да има минимално зголемување.

Според надлежното министерство, во текот на шесте седмици од воведувањето, просечната цена на кошницата во однос на првата недела е намалена за 12,47 отсто, односно од 124,62 евра на 109,08 евра.

Министерот за развој и инвестиции на Грција, Адонос Георгиадис рече дека првичната цел била „да се создаде простор во супермаркетите каде што инфлацијата ќе се движи со помала брзина“.

Тој додаде дека кошничката на годишно ниво на потрошувачот му заштедува една и пол основна плата, што „за граѓаните со помали примања е значајна разлика“.

„Кошничката на домаќинствата“ содржи: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, брашно, шеќер, кафе, чај, какао, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки, итн..

По примерот на кошничката во маркетите од вчера, за празничниот период се воведоа уште две кошнички, едната божикна со производи поврзани со празниците, другата „на Дедо Мраз“ со играчки за децата.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложувањето на преговорите го зголемува евроскептицизмот и лошо се одразува на политичката состојба, рекоа Пендаровски и Рикер на средбата во Вила Билјана

Редакција

(Видео) Нов напад на Москва со дронови, нарушен и сообраќајот на аеродромот Внуково

Редакција

Избеган украински пратеник, кој е под санкции на САД, добил македонско државјанство и ја претставувал Македонија во коњички спортови

Редакција