Во собраниска процедура влезе предлог-ребалансот на буџетот во кој може да се забележи дека Владата сопствениот буџет го зголеми од 3,9 милијарди денари (64 милиони евра) на 5,9 милијарди денари (96 милиони евра) или за околу 32 милиони евра.
Во предлог документот се гледа дека зголемувањето на расходната страна на владиниот буџет е најголемо кај ставката вложувања и нефинансиски средства и тоа од првично планираните 165 милиони денари на околу 2 милијарди денари.
Истовремено, со ребалансот се кратат предвидените средства за Собранието од 596,1 милиони денари (9,6 милиони евра) на 520,6 милиони денари (8,4 милиони евра).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ребаланс на буџет: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се „спукаа“ околу субвенцииите за повисоки плати
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.