Судскиот предмет „Титаник”, денеска продолжуваа во Кривичниот суд во Скопје.
Минатото рочиште за овој предмет се одложи заради отсуство на обвинетиот Кирил Божиновски.
Овој случај е во фаза на презентација на сведоци, односно на денешното рочиште треба да се сослушаат повеќе сведоци.
Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
МИА