На 18.03.2018 во 13.30 часот на улица „Радован Ковачевиќ“ во Скопје, непознато возило, управувано од непознат возач, удрило во седумгодишно дете одсело Гошинце, општина Липково, по што го напуштил местото, информира МВР.
Детето се здобило со повреди и било пренесено вокомплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.