еМагазин
Image default
Македонија

Собранието ги верификуваше мандатите на новите шест пратеници

Собранието денеска попладне на пленарна седница ги верификуваше мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.

„За“ гласаа 83 пратеници, немаше против и воздржани.

На местото на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром, доаѓа Тони Јаревски, а на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски.

На местото на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, кој е новиот градоначалник на Штип, доаѓа Драган Ковачки.

Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во собраниските клупи ќе го замени Љубица Спасова, а Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид, Грација Бакраческа.

Биљал Касами, кој на локалните избори беше избран за градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите шест пратеници кои во Собранието ќе седнат на местото на избраните градоначалници

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција сменила еден сообраќаен знак, наместо Скопие, сега пишува Скопје

Редакција

По повеќе од година од првото закажано рочиште, конечно почна судењето за „Талир“

Редакција

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова поради злоупотреба на АКМИС системот

Редакција