еМагазин
Image default
Македонија

Социјалистичката партија на Македонија со безрезервна поддршка на кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова

Социјалистичката партија на Македонија го изразува задоволството од изборот на проф. Гордана Силјановска-Давкова за кандидат за Претседател на Републиката, имајќи ги во предвид меѓусебните коалициони разговори, кои претходеа, за профилот на личноста со изграден авторитет, знаење и способност, личност која ќе може да ги обедини сите граѓани во Македонија, велат од партијата.

“Ние сметаме дека нејзиниот избор е резултат и на изграденото внатре партиско единство и сплотеност, како и на коалиционото разбирање и взаемно почитување. Особено што за избраниот кандидат безрезервна поддршка изразија и останатите, не помалку квалитетни кандидати, со што ја покажаа својата висока свест, морал и ширина, препознавајќи ги повисоките интереси и цели.

Сето тоа претставува и потврда на највисокиот степен на демократски капацитет изразен на самата Конвенција. Покажана е зрелост, сериозност и пред сè одговорност за националните и државните интереси, како предвесник за нужните промени кои ќе се случат.

Во овие тешки времиња Социјалистичката партија на Македонија ги повикува сите демократски и слободољубиви граѓани на Македонија на обединување и поддршка на личноста со неспорен интегритет, со вредности и принципи за правда и праведност кои никогаш нема да ги напушти. Таа, како искрен родољуб, нема да го погази Уставот и законот и ќе ги сруши етничките бариери, ќе ги надмине внатрешните подделби, обединувајќи ги спротивставе-ностите.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека кандидатурата на проф. Гордана Силјановска-Давкова и победата на претстојните избори за Претседател на Републиката ќе претставува големо охрабрување, дополнителен мотив и поттикнување за нова изборна победа на следните предвремени парламентарни избори.

Социјалистичката партија на Македонија го повикува своето членство, симпатизерите и поддржувачите на безрезервна поддршка на кандидатурата на проф. Гордана Силјановска-Давковаза Претседател на Републиката, а останатите политички партии, без калкулации, да се вклучат во поддршката и изборот за доброто на државата и националните интереси“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитерџииите се испокараа за физичкиот изглед на Силјановска, првиот кандидат за претседател на државата

Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска – Давкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Груевски на прошетка во трговски центар во центарот на Будимпешта

Редакција

За упасените дипломати ќе постапиме согласно меѓународните договори, вели Заев

Редакција

В четврток средба Мицотакис-Заев

Редакција