еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска сончево и многу топло, температура до 39 степени

Сончево и многу топло ќе биде и денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 39 степени, а висок ќе биде и УВ индексот.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ ќе биде 9.

Во Скопје слично време со минимална температура околу 19 и максимална до 37 степени.

До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време. Во петок кон крајот на денот во источните делови ќе има изолирана појава на нестабилност, а во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Фото: Photo by Tim Stief on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип, Свет Николе и Куманово со најмногу заразени со Ковид-19 на 100.000 жители

Редакција

29-годишно момче загина на патот кон Козјак, со моторот излетал од патот

Редакција

Министерството за здравство вработува четири државни службеници, плата до 35.496 денари

Редакција