Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, попладне во југоисточните делови со услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 32 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до утре ќе се задржи многу топло и насекаде ќе биде активно жолтото ниво за опасност од висока температура.
Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и во вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.
Фото: Unsplash