еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сопругата на Мицкоски во интервју за „Вечер“: Пет години наназад паричката за Бадник се паѓа кај Христијан

Рози Мицкоска, сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за весникот „Вечер“ вели дека во пресрет на бадниковата и божикната вечер тие имаат двојно славење.

– За Бадник правиме домашно лепче со паричка, а за децата е многу возбудлив моментот кога го кршиме. Пет години наназад паричката се паѓа кај Христијан. За Божик, кога е и неговиот именден, традиционално, со дома месена погача одиме во Соборниот храм, кршиме лепче и палиме свеќи за здравје. Потоа, во домашен амбиент ручаме само со најблиските, во пријатна атмосфера. Инаку, можам да кажам дека јануари е месецот на нашето семејство. На 20 јануари го славиме Свети Јован, именденот на постариот син, а на 30 јануари го славиме Свети Антониј, роденден и именден на помалиот син – вели Мицкоска.

Додава дека  уште откога се венчале со Христијан, сами со семејството, или со најблиските пријатели, во домашен амбиент, ја слават и Нова година.

Целото интервју можете да го прочитате ОВДЕ.

Фото: „Вечер“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ленче Ристовска, поранешната обвинителка на СЈО, чека близнаци

Редакција

(Фото) И Ѓоковиќ на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, со Ковачевски збореле за македонското вино

Редакција

Доктор Докиќ: Ако имате висока температура и паѓање на сатурација во крвта, веднаш на лекар

Редакција