Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ги информира пациентите дека установата функционира непречено и во услови на Ковид-19, поради специфичноста на малигните заболувања.
„Пациентите кои примаат хемотерапија и имунотерапија треба да се јават на редовниот закажан термин, како и пациентите со радиотераписки третман. Воедно, препорачливо е таблетарната терапија да ја подигне член на семејството на пациентот,“ се вели во соопштението.
Совети за пациентите во услови на Ковид-19:
– Пациентите да носат маска и ракавици при влез во просториите на клиниката, а доколку немаат маска и ракавици тие ќе им бидат обезбедени од страна на клиниката.
– Доколку имаат покачена телесна температура, треска и тешкотии при дишењето да не доаѓаат на закажаната контрола, хемотерапија или зрачна терапија на клиниката, туку да се јават кај својот матичен лекар и да го известат за својата состојба.
– Пациентите додека престојуваат во чекалните треба да држат дистанца од најмалку 1,5 метар од другите пациенти кои се во чекалната.
– Пациентите и нивната придружба да не влегуваат во просториите на клиниката без да бидат повикани.
– Да го известат медицинскиот персонал кој е непосредно вклучен во давање на онколошката нега доколку имаат познат случај во нивната непосредна близина кој е позитивен на КОВИД-19.
За потсетување, Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија обезбедува и психолошка поддршка за пациентите со онколошки заболувања, за која може да се обратите на следните телефонски броеви:
• Доктор од ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, во периодот од 10:00 до 12:00 часот на телефон 078/364-629.
• Претседателка на комора на психолози, Мирјана Јовановска-Стојановска од 12:00 до 17:00 часот на телефон 070/233-453.
• Психолог Александра Стефановска од 15:00 до 18:00 часот на телефон 071/218-050.
• Психолог Елена Ѓорѓевска од 17:00 до 20:00 часот, на телефон 078/494-973.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како пациенти со кардиолошки заболувања да се заштитат од корона вирусот