еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утре во Македонија

Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утре ќе престојува во Скопје, при што ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Делегацијата што ја предводи Шоле ќе биде пречекана пред платото на Владата.

Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.

Неговата посета на земјава е во рамки на балканската турнеја, за време на која ќе ги посети и Косово и Србија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинирање во Врање: Македонската асоцијација на новинари обезбеди “АстраЗенека“ вакцини за 100 медиумски работници

Редакција

„Оне.Вип“ го доби тендерот на Управата за заштита на културното наследство за набавка на мобилна телефонија вреден 42.000 евра

Редакција

Каков имот пријавил заменик министерот Цветан Трипуновски

Редакција