Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, напиша на Фејсбук претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
„Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него.
Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува,“ пишува Неделков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го повика СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10 проценти
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.