Слободен печат објави дека четворица членови од исто семејство починале во ковид центарот во тетовската болница.
Информацијата за весникот ја потврдила доктор Миранда Пајазити.
Сите четворица пациенти биле од исто семејство и според едпидемиолошката анкета дале податок дека присуствувале на свадбена прослава, а починале во период од една недела.
–Имаме починати неделава четворица од исто семејство. Тие се заразиле на свадба и за жал починаа.
Лицата се од една фамилија, живееле во две куќи една до друга и постојано биле во контакт.
Кога се зема целата фамилијарна анамнеза, се гледа дека имаат наследни болести и слаба генетика.
Имаме и семејства каде имале многу тешка клиничка слика, па излегле со добри резултати од болница, вели Пајазити за Слободен печат.
Фото: МИА