Со насмевка на лицето, смирен, опуштен и во добро расположение, 30-годишниот македонски државјанин по поминати над 17-18 часа во морето, стапна на копно и со возило на брза помош беше пренесен во болница, откако спасувачките екипи го пронајдоа во морскиот дел југозападно од Касандра на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видео од спасувањето на еден од исчезнатите Македонци на Халкидики
Веројатно е дека хеликоптерот што учествува во акцијата, го лоцирал исчезнатиот, по што бил информиран товарниот брод, што се наоѓал во близина и го спасил Македонецот, а потоа бил преземен од чамец на грчката крајбрежна служба.
На пристаништето беше пречекан со аплауз од присутните, но и од голем број новинарски екипи кои од вчера детално го следат случајот со исчезнатите македонски туристи.
Според грчките медиуми станува збор за Иван, 30-годишниот кој вчера славел роденден.
Извори од крајбрежната служба на Грција, како што претходно објави МИА, брифираа дека спасениот 30- годишен државјани на Македонија е во релативно добра здравствена состојба.
Градоначалничката на Касандра, Анастасиа Халкиа за солунскиот информативен портал „Ворија“ вели дека веројатно добрата физичка состојба и смиреноста биле пресудни што и по 18 часа во морето, останал жив.
На еден од чамците на спасувачките екипи, додека траеше потрагата беа и братот и таткото на спасениот, кои од Македонија пристигнале на Халкидики.
Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на последниот од тројцата исчезнат, односно 28- годишен македонски државјанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден од исчезнатите Македонци на Халкидики пронајден жив и е во добра здравствена состојба
(Видео) Детали за исчезнатите млади Македонци: Роденденска забава на Халкидики се претвори во кошмар
МИА/Фото: Alphafm