еМагазин
Image default
Бизнис

Спасовски вели дека немало драстични отпуштања од работа

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција соопшти дека нема драстични отпуштања од работа по кризата со корона вирусот и апелира работниците да не потпишуваат спогодбени откази, а работодавачите да покажат солидарност и да понесат дел од товарот затоа што и после кризата сите заедно треба да ја продлжат економската активност на државата.

Наместо секој да калкулира и да гледа да добие нешто од кризата, порача, треба да настапува обратно да знае дека нешто мора и да се изгуби.

„Факт е дека нема драстичен број на луѓе кои се отпуштени од работа, постои една нормална флуктуација, едни одјавени, пријавени нови, има отпуштања некоја бројка, има и нововработени, меѓутоа тоа не е бројка која драстично отскокнува во овој период. Во тој дел состојбата не е таква како што скааат да се прикаже“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Работниците, дополни, не треба да потпишуваат спогодби за отпуштање од работа.

„Во оваа ситуација државата помага многу на работниците, прави се што е можно да ги задржат работните места, но мора и  работниците да си помогнат на себе, а најмалку што можат да направат е да не потпишуват спогодбени откази.

Има Закон за работни односи којшто ги штити и постојат две опции на основа на кои тие можат да не одат на работа, а да користат придобивки од Законот. Ако е заради економска неактивност се исплаќа 70 проценти од платата, а ако е заради виша сила 50 проценти“, појасни Спасовски.

Тој додаде дека државата е тука, ќе помогне, со цел да се задржат работните места и компаниите.

Според него, најголемиот дел од компаните разбираат дека е многу важно работниците да останат на работа.

„Оние кои не го сфаќаат и не го разбираат тоа, очекувам дека ќе им стане јасно дека и кога ќе заврши кризата треба да се продолжи со работа, а за да продолжат со работа треба да имаме работници кои ќе работат“, рече Спасовски.

Тој вели дека е многу едноставна постапката за искористување на поволностите од владината мерка за поддршка на стопанството со кредити, и аплицирањето и користењето финансиски средства.

„Точно се наведени критериумите што треба да биде исполнето, ако ги исполнат ќе ги добијат парите,  но никаде нема да се добијат пари, а потоа да се исполнуваат критериуми. Можните злоупотреби ќе се следат веднаш од надлежните институции и ќе бидат преземени содветни мерки. Има кривично дело за злоупотреба на субвенции“, потсети премиерот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Владата очекува солидарност од банките, доколку ја нема тоа ќе се дефинира со уредба

Влада: Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор и нема К-15 за 2020 година

Детален преглед: Вкупно 17 економски мерки на Владата „против“ кризата од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕБОР за годинава ни предвидува раст на економијата од 3%

Редакција

Штипски Макпромет во првото полугодие со добивка

Редакција

Директорот на Мермерен комбинат Периклис Николау си поднесе оставка

Редакција