еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: Да се определат маркети за обезбедување намирници за време на викендите во Куманово

Владата го задолжи Општинскиот кризен штаб на Куманово да определи економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на подрачјето на Куманово во деновите сабота и недела, напиша денеска на Фејсбук, премиерот Оливер Спасовски. 

За оваа цел, како што посочува Спасовски, се задолжува Општинскиот кризен штаб на општина Куманово, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намириници до домовите на граѓаните.

„Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица кои работат во овие институции и фирми, а кои живеат на подрачјето на Куманово, да завршат со работните задачи и активности и да бидат ослободени за враќање во своите домови во периодот од 14.30 до 15.00 часот, со цел пред почетокот на забраната за движење на подрачјето на Куманово, односно пред 16.00 часот да можат да бидат во своите домови“, пишува Спасовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Куманово апелира на смиреност: Ќе има асистенција за најнеопходното

Општинарите бараат да им се овозможи на маркетите преку нарачки да вршат достава до кумановчани

Целосна забрана за движење во Куманово од вечер во 21 до понеделник во 05 часот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макрон: Гласањето на Договорот од Преспа е пример за храброст и единство на Европа

Редакција

Починаа четворица пациенти од корона вирусот, двајца од Скопје

Редакција

Заврши расправата за разрешувањето на министерот Алити, ќе се гласа дополнително

Редакција