еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Спречен шверц на 26 килограми марихуана која со рибарски чамец од Албанија требало да заврши во Македонија

Припадници на полицискиот комесаријат од албанскиот град Корча спречиле шверц на марихуана со рибарски чамец, од Албанија во Македонија преку Охридското Езеро.

Уапсени се четири лица, браќата А.Т. (51) и А.Т. (43), жители на селото Пискупат, како и Р.С. (45) и Т.Б. (53) жители на Лин.

– Според сознанијата од едномесечната истрага, делувале како група, а марихуаната, пред да ја транспортираат во Северна Македонија, ја складирле во близина на мрестилиштето за коран, во Подградец, каде биле вработени двајца од уапсените. Потоа со рибарски чамец ја транспортирале преку езерото на македонска територија, стои во полициското соопштение.

Во акцијата „Рестарт 15″ запленети се 26 килограми марихуана, рибарски чамец, две патнички моторни возила и четири мобилни телефони.

За транспорт на дрогата наплатувале по 500 евра по килограм.

Ова е последователна, петнаесетта по ред, успешна акција на полицијата во рамки на операцијата „Рестарт”, во спречување шверц на марихуана од албанска на македонска територија преку Охридското Езеро.

Според полицијата, во соработка со македонската полиција, се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телевизиските сниматели во Македонија шофери на камиони

Редакција

73,9% од лицата кои починале од Ковид-19 имале претходно заболување, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

25-годишен Велешанец повеќе од една година продавал за сексуални услуги 14-годишно девојче

Редакција