еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Срѓан Керим, Ајдован Адемовски, Валентина Божиновска… бесплатно ќе го советуваат министерот Османи

Валентина Божиновска, Срѓан Керим, Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски…се меѓу 26. членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, советодавно тело на Министерството за надворешни работи, информираше денеска министерот Бујар Османи.

Членовите на оваа тело, како што изјави Османи, ќе работат волонтерски и нема да добиваат никаков паричен надоместок за нивниот ангажман.

„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи. Се работи за квалитетни луѓе, добри познавачи на надворешната политика.

При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став”, изјави Османи.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во изминатите три дена, 96 нови случаи на Ковид-19, оздравени 288, четири починати лица

Редакција

Одлука на Академијата: Актерот Вил Смит доби забрана да присуствува на доделување на Оскарите во следните 10 години

Редакција

Нови 20 случаи на Ковид-19 од 2.885 тестирања, бројот на активни случаи е 425

Редакција