еМагазин
Image default
Балкан

Србија ја укина вонредната состојба

Пратениците на српскиот Парламент синоќа го усвоија предлогот за укинување на вонредната состојба, како и предлог-законот за важење на уредбите донесени за време на вонредната состојба.

За одлуката гласаа 155 пратеници, никој не беше против, а еден пратеник беше воздржан.

Најголемиот дел од опозицијата ја бојкотираше седницата на собранието, а утрината имаше и инцидент предизвикан од лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој беше исфрлен од седницата.

Вонредната состојба во Србија беше воведена на 15 март поради епидемијата на коронавирусот, а бидејќи националното Собрание не беше во можност да се состане, таа одлука заеднички ја донесоа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателката на собранието, Маја Гојковиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Одлуката за воведување на вонредна состојба срспското Собрание ја потврди на 29 април.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенија се враќа во нормала, на 18 мај ги отвора градинките и училиштата

Грција во јуни ќе ги отвори границите, му кажал грчкиот колега на Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германскиот државен секретар за Европа, Рот: Цртањето нови граници на Западен Балкан е опасен пат

Редакција

Масовниот убиец од Младеновац киднапирал таксист, сакал да побегне во Крагуевац

Редакција

Инфлацијата руши рекорди во Турција, стигна до 80%, највисоко ниво во изминатите 24 години

Редакција