еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија да ги продолжи преговорите со ЕУ, ако воведе санкции за Русија: Европскиот парламен усвои резолуција

Европскиот парламент (ЕП) усвои резолуција за спроведување заедничката надворешна и безбедносна политика, во која ја повика Србија да ја синхронизира својата надворешна политика со онаа на ЕУ.

Од 641 европратеник, 407 гласаа за резолуцијата, 92 беа против, а 142 беа воздржани.

ЕП по вторпат официјално побара ЕУ да го прекине напредокот на преговорите со Србија додека не исполни неколку основни барања, од кои најважно е целосно усогласување на надворешната и безбедносната политика на Србија со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Европскиот парламент ја нагласува важноста од целосно усогласување, особено со политиката на санкции против трети земји. ЕП изразува жалење за ниското ниво на усогласеност на Србија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, особено во однос на воената агресија на Русија против Украина.

Во резолуцијата се наведува дека понатамошните преговарачки поглавја треба да се отворат само кога Србија ќе ја зајакне својата посветеност на реформите во областа на демократијата и владеењето на правото и ќе покаже дека е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Во документот, ЕП потсетува дека Србија, како земја која се стреми кон европска интеграција, мора да се придржува до заедничките вредности.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини: Аеродром „ита“ кон Чаир

Редакција

Македонските граѓани во Словенија да ги напуштат загрозените области, повика МНР

Редакција

Oсумчлено семејство од Македонија се евакуира од Судан

Редакција