еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Срце и бубрег ќе бидат трансплантирани од млада пациентка, на која и е дијагностицирана мозочна смрт

Денеска во раните утрински часови започаа координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор, информираше министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

„Во текот на вчерашниот ден болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите. Благодарение на нивната хуманост денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот.

Уште една млада пациентка се подготвува да прими бубрег. Станува збор за исклучително тешки операции, на моите колеги им посакувам многу успех во работата.

Дополнително од донорот ќе бидат експлантирани и коскени ткива.

Голема благодарност до семејството за нивниот хуман гест. Да се мисли да се спаси туѓ живот во моменти кога се губи животот на најблискиот е храброст и човечност кои немаат цена,“ напиша Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 5 лица, најмладиот имал 40 години

Редакција

Од Ковид-19 починало едно лице

Редакција

Уставниот суд ќе чека изјаснување од Собранието: Одложено гласањето за помилувањата

Редакција