И покрај сите опструкции, закажани тестови и други намерни пречки голем број средношколци од повеќе училишта низ Македонија денеска ја бојкотираат наставата за да искажат револт и да побараат поефикасна борба против загадувањето на воздухот.
Истовремено на социјалните мрежи има многу поплаки и видеа на кои може да се види дека на средношколците им се забранува да го поддржат бојкотот на наставата.
На фејсбук-групата „Средношколски глас“ е поставено видео од средното скопско училиште „Никола Карев“, во кое се гледа дека директорката Горица Илиовска им порачува на учениците дека: “За последиците не ви гарантирам“,
Денеска повеќе од 40 граѓански движења и иницијативи здружени во коалицијата #ЗеленФронт од 17 часот во Скопје повторно ќе маршираат против загадениот воздух.
Маршот ќе започне пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а ќе заврши пред Влада.
Протестот е дел од глобалните демонстрации на движењето Fridays For Future на Грета Тунберг, која е Личност на годината на Тајм, а кои секој петок се одржуваат во повеќе од 2.300 градови на светско ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре нов протест за чист воздух: Умираме во илајдници годишно од загаден воздух
Фото: Фејсбук/Скопје мора да дише/видео: „Средношколски глас“