еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ-со стабилен изглед

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ-со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што се наведува во извештајот на кредитната Агенција, ги рефлектира очекувањата дека силните изгледи за економски раст на нашата држава ќе ги поддржат напорите на Владата за буџетска консолидација и ќе овозможат стабилизирање на државниот долг на среден рок, информираат од Министерството за финансии.

Од Агенцијата соопштија дека кредитниот рејтинг ББ-со стабилен изглед нашата држава го има од 2013 година во континуитет и е значајно дека и во текот на 2020 и 2021 година, кога земјата се соочуваше со влијанието од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата од Ковид 19, не е променет.

Агенцијата исто така нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики.

-Целта за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да придонесе за зајакнување на институционалната рамка, а новите влади на Северна Македонија и Бугарија внесоа позитивна динамика во преговорите за пристапување кон ЕУ, се истакнува во извештајот на Агенцијата.

Според „Стандард и Пурс“ економијата на Македонија го достигна своето предпандемиско ниво. Двигатели на растот ќе останат силната приватна потрошувачка поддржана од приспособливата монетарна политика, растот на платите и приливот од дијаспората, како и инвестициите.

-Со планот за забрзан економски раст, зголемувањето на инвестициите е еден од клучните приоритети на Владата, а ќе се опфатат различни сектори, вклучително образование, транспорт, енергија, патна и здравствена инфраструктура. Значајни проекти се Коридорот VIII и Интерконекторниот гасовод Северна Македонија-Грција, се вели во извештајот.

Како што е наведено, и покрај контракцијата предизвикана од пандемијата извозот силно закрепна благодарение на големата надворешна побарувачка, особено од клучните трговски партнери во ЕУ.

Од Агенцијата посочуваат дека постепеното економско закрепнување и мерките на Владата помогнаа стапката на невработеност да се намали на 15,7 отсто во третиот квартал 2021 година од 16,5 проценти во истиот период претходната година.

Во однос на долгот, „Стандард и Пурс“ очекува истиот да се стабилизира на 56-57 проценти од БДП на среден рок. Буџетскиот дефицит се проценува дека изнесува 5,5 отсто од БДП во 2021 година, што е понизок од проектираниот од 6,5 отсто во Буџетот за 2021 година. Ова, како што соопштија од Агенцијата, се должи на повисокиот номинален раст на БДП, како и солидните перформанси на приходите.

-Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки, се наведува во соопштението на Агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денарот и банкарскиот систем се стабилни, инфлацијата ќе се стабилизира годинава, велат од „Стандард и Пурс“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 135 случаи на Ковид-19, во Скопје 76

Редакција

Од следната недела редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Редакција

„Македонија без Бугари – огнот да ја гори!“: Клетва на Каракачанов од Битола

Редакција